Уапсен романскиот вицегувернер на Централна банка поради корупција

Букурешт, 29 јули, 2016 – 11:48 (META) 
Bogdan-Olteanu-860x680

Романската полиција денеска го уапси вецегувернерот на Централната банка, Богдан Олтенау, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција.

Како што јавуваат романските медиуми, Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата бара да му биде одреден 30-дневен притвор.

– Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена – посочи претставник на дирекцијата.