Франција: Осум години затвор за холандскиот хорор забар

Поради алчност, бесчувствителност и садизам побарани се осум години затвор за Холанѓанецот Мар ван Нуиероп, од медиумите наречен „забар на ужасите“, кому му се судеше во Франција бидејќи осакатил повеќе десетици пациенти во периодот од 2008 до 2012 година.

Image

Пред Корективниот суд во францускиот град Невер, во понеделникот барањето на обвинителката Лусил Жејон-Бру се надоврза на психолошката експертиза според која обвинетиот искажува „целосна отсутност на сочувство, како и алчност“, пренесува AFP.

Во досието „не наоѓаме на ништо друго освен на алчност, бесчувствителност, па дури и уживање во нанесувањето болка“, изјави судијката која побара негово задржување во затворот во очекување на пресудата, како и доживотна забрана за занимавање со стоматолошката професија.

Според неа, Марк ван Ниероп, давал „непотребна и болна нега“, нанесувал „болка чија конечна цел била исплата“ на здравственото осигурување со „ужасни здравствени последици“.

Од стотината пријавени жртви, обвинителката признала сакатење на 53, барајќи преименување на злосторството за уште 20 од нив во „насилство со предумисла“.

Марк ван Ниероп во текот на траењето на судењето, коешто започна на 8-ми март, цело време одговарал со „немам коментар“. Единствено минатата среда, на вториот ден од судската расправа, направил исклучок и рекол дека е „одговорен“ и додал дека бил во „психичка состојба во којашто луѓето од опкружувањето не го интересирале“.

Ван Ниероп се населил во Шато-Шенон, во централниот француски регион Морван, во 2008 година. Во ординација можел да прими „дневно меѓу 18 и 26 пациенти“. Работел на големо сé додека не започнале да пристигнуваат тужби. Во јули 2012 година ја затворил ординацијата под лажен изговор. Во 2013 година побегнал во Канада, но бил пронајден во канадското гратче Њу Брансвик, уапсен кога наводно се обидувал да изврши самоубиство, и на Франција ѝ бил предаден во септември 2014 година.

Јакобус Марк ван Ниероп им корнел здрави заби на луѓето, а десетици пациенти завршиле со скршени вилици, грануломи и сепса, и поради тоа се товари за напади и за нанесување многу тешки повреди и измами, бидејќи, исто така, било утврдено дека земал пари од пациенти и од осигурителните компании.

Му се заканува казна од десет години затвори и глоба од 150.000 евра.

Ван Ниероп за работа во местото, во коешто имало недостиг од кадар кој ќе дава медицински услуги, го ангажирала компанија за наоѓање дефицитарен кадар, а жителите го поздравиле доаѓањето на забарот кој „возеше џип, пушеше големи цигари и шеташе големо куче“.

Меѓутоа, во 2011 година станувало сé појасно дека неговите методи на лекување всушност личат на средновековните методи за мачење.

„Ми даде осум инјекции и одеднаш ми извади осум заби. Крвта ми течеше цели три дена“, изјави 65-годишната Силвиан Булестриз, којашто дошла кај него за проба на забна протеза.

Осумдесетгодишниот Бернар Угон раскажа дека по вадењето на забите „делови од ткиво ми висеа на сите страни“. Лошо минала и Никол Мартен која загубила повеќе заби поради грануломи и сепса.

Со помош на медицинските техничари кои работеле кај ван Ниероп, Мартен на почетокот од 2013 година започнала да ги собира жртвите на неговите „лекарски“ методи за да поднесат колективна тужба, а бројот на тужителите достигнал 120.