Чуркин: ИД и Турција регрутираат џихадисти за напади на Русија

Рускиот амбасадор при Обединетите нации (ОН), Виталиј Чуркин рекол дека претставници на Исламска држава (ИД), со поддршка од турските разузнавачи регрутираат џихадисти за да извршат напади во Русија, пренесуваат светските агенции.

Image

Според рускиот амбасадор и во септември 2014-та година, група од околу илјада борци на Исламска држава, кои стигнале од Европа и централна Азија, влегле во Сирија од Турција, преку градот Газијантеп.

„Наводно претставниците на Исламска држава, со помош на турските разузнавачки служби формирале мрежа во Анталија за регрутирање на поединци кои стигнале во Турција од постсоветските држави, за да учествуваат во конфликтот во Сирија, но и со можност да се вратат во Русија за да вршат терористички напади“, навел Чуркин.

Тој ги навел имињата на лицата за кои верува дека имаат такви намери, а меѓу нив се и државјани на Русија и Азербејџан.

„Таа група ја предводи рускиот државјанин Руслан Растјамович Каибулов, познат како Барис Абдул или под псевноднимот „Учителот“. Тој е роден на 1-ви април 1978-та година во Татарстан, со семејството живее во Анталија, и е со постојан престој во Турција“, додал Чуркин. Според рускиот амбасадор, регрутацијата се врши со знаење на привремениот центар за уапсени во Анталија.

„Ако уапсените се подготвени да го прифатат исламот и да се приклучат на терористичките активности, оние кои им ја нудат таа понуда ветуваат дека ќе направат и договор со турските власти и бесплатно ќе им го понудат турскиота двокат Тахир Тосолар“, навел Чуркин, додавајќи дека Султан Кекхусарев, турски државјанин со потекло од Чеченија, често го посетува привремениот центар за уапсени во Анталија.