Шеќеринска имала сообраќајка, патниците се во добра состојба, информираат од СДСМ

Скопје, 17 август, 2016 – 12:01 (META) 
Radmila-Shekerinska-860x680

Заменик претседателката на СДСМ, Радила Шеќеринска денеска имала сообраќајка, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија). Таа во возилото била заедно со нејзините родители, а како што информираат од партијата, тие се во добра здравствена состојба.

„Возило, кое претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во кое се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба“, стои во соопштението од СДСМ.