Штрајк на судската администрација

Судската администрација во среда започнува штрајк незадоволни од условите за работа.
Image

Ќе се судат само итните, притворските случаи. Синдикатот на УПОЗ и ЗСА бара измена на законот за судска служба,  бараат и зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од 5 отсто на јавната администрација и враќање на работното време од 7:30 до 15:30 часот.

Штрајкот на УПОЗ И ЗСА ќе трае три дена, од 23 до 25 март. Како што велат од УПОЗ, во среда и во четврток штрајкувачите ќе ја прекинат работата во полно работно време, додека во петок ќе биде организиран протест кој ќе започне во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија, ќе се одвива и пред Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе заврши пред Владата. Штрајкот е  продолжување на предупредувачкиот штрајк од 03.12.2015 година