Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во четврток промовираше пет нови проекти за млади.

Првиот проект се однесува на изградба на 150 нови игралишта за кошарка, кои ќе бидат лоцирани во повеќе градови, соодветно осветлени и со подлога која ќе овозможи квалитетно спортување.
Вториот проект се однесува на обезбедување на стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети за студенти кои потекнуваат од семејства со пониски примања.
Трет проект што го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е сеопфатна реконструкција и адаптација на НУБ „Свети Климент Охридски“, а како четврт проект Груевски најави изградба на голема мултифункционална читална.
Петти проект е најава за нова матична сала за склучување на бракови, во палатата „Дамјан Груев“ што се гради на плоштадот Македонија, на местото на поранешниот Офицерски дом, што беше урнат за време на скопскиот земјотрес.