Уште во четврток ќе се задржи многу топло време со дневни температури над просечните за овој период од годината.

Поради изразеното јужно струење на висините, во четврток попладне и во ноќните часови ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара кон подрачјето на Македонија.
Под влијание на циклонска активност во Медитеранот, од четврток до недела ќе настапи дестабилизација на временската состојба, којашто ќе услови променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок ќе дува повремено засилен јужен ветар, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјата. Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, особено во југоисточните делови.
Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните, а врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и пораст на дневната температурата.