Повеќе училишта во Австралија затворени заради закана со бомба

Стотици ученици се евакуирани откако повеќе основни и средни училишта во Австралија добиле закани за напад со бомба.

Image
Полицијата во југоисточните држави Викторија и Нов Јужен Велс изведе одвоени операции и истраги по заканите упатени во петок наутро.

„Полицијата е свесна за бројните закани во училиштата во градските и јужните региони. Истрагата продолжува и полицијата е во врска со Министерството за образование“, пишува во соопштението на полицијата на Јужен Велс.

„Свесни сме дека повеќе училишта во Викторија примиле заканувачки телефонски повици во петок. Евакуирани се од претпазливост“, објави на Твитер полицијата на Викторија.

Не е јасно колку училишта се опфатени, но стотици ученици биле собрани во училишните дворови, по што биле испратени дома.

Училиштата во Австралија беа затворени изминатиот месец заради летните празници. За многу држави петок беше почеток на новата школска година.