Рекордни 376 кандидати се натпреваруваат оваа година за Нобеловата награта за мир, објави во вторникот Нобеловиот институт, кој ги држи во тајност имињата на номинираните кандидати.

Претходниот рекорд беше во 2014 година, кога беа предложени 278 имиња.
Иако Нобеловиот институт не објавува имиња на кандидати се верува дека оваа година на списокот има толку различни имиња, како што се кандидатот за републиканска претседателска номинација Доналд Трамп, поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден и папата Франциск.
„Тоа го одразува фактот дека живееме во свет во кој има многу судири и во кој исто така постои одреден број на процеси кои одат во позитивна насока. Очигледно сето тоа инспирираше многу луѓе да го искористат своето право и да кандидираат некого за награда“, рече за Франс прес директорот на Нобеловиот институт, Олав Нјелстад.
Од 376 кандидирани, 228 се поединци, а 148 организации, наведе институтот.
Пет членови на Нобеловиот одбор кои го избираат победникот денеска го одржаа првиот состанок за овогодишниот избор, на кој можеа да предложат и други кандидати по нивен избор.
Името на победникот ќе биде познато на 7 октомври.