Спасовски: Незаконски биле издавани лични карти на жители од Пустец

Министерството за внатрешни работи во 2013 година, пред локалните избори издавало лични карти без валидна документација, соопшти Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Image

Овие лични карти, според Спасовски, се заведени во Избирачкиот список и од 22 лица на кои им биле издадени лични карти, најголем дел биле жители на Пустец.

„Ниеден од овие 22 лица нема ниту еден од овие документи. Нивните лични карти со кои имале право да гласаат, се издадени целосно незаконски. Едно лице од вкупно 22 воопшто не поседува лична карта, а постои во избирачкиот список, што значи дека гласало. Ова докажува дека се правени злоупотреби со лични карти и дека брутално се злоупотребени законски одредби за издавање лична карта. Се потврдува она што го кажав вчера дека само институциите на државата ги имаат личните податоци на граѓаните“, изјави Спасовски.

Тој најави дека ќе бидат отворени постапки против лица од МВР и дека со ова се докажува дека „МВРО“ на чело со поранешната министерка за внатрешни работи,  Гордана Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти со што незаконски овозможиле да гласаат лица кои немаат право да гласаат.