Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне во источните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 8 до 19 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен јужен ветер.
макфакс