Грција ќе ја прогласи Турција за сигурна земја и ќе ги враќа бегалците

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас изјави дека Грција всушност ја смета Турција „сигурна трета земја“, отворајќи го така прваниот пат за враќање на барателите на азил во оваа земја, како што предвидува планот произлезен од самитот ЕУ-Турција, објавија порталот Left.gr и агенцијата ANA.

Image

Како што објавија споменатите медиуми, грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, по министерскиот состанок во Брисел изјавил за грчките новинари дека Турција всушност е сигурна земја, имајќи предвид дека примила 2,5 милиони бегалци, како и дека ЕУ и УНХЦР таму спроведуваат надзор над животните услови во камповите и почитувањето на човековите права.

Грчката влада досега инаку одбиваше јавно да признае дека ја проучува ваквата можност, замислена како правно средство за озаконување на враќањето на барателите на азил во трети земји.

Грција, врз основа на меѓународното право, може еднострано да донесе таква одлука, „меѓутоа во практика Турција би морала да соработува“, и да се согласи повторно да ги прифати барателите на азил кои заминале од нејзината територија, рекол Музалас.

Грчките правни експерти, пак, сметат дек владата во Атина не мора да добие согласност од парламентот за ваквата одлука.

На последниот самит меѓу ЕУ и Турција начелно беше подготвен план според кој во оваа земја ќе се враќаат сите мигранти кои преку нејзината територија и преку Грција ќе влезат на територијата на земјите членки на Унијата, па така и сириските баратели на азил кои нема да бидат регистрирани или ќе им биде одбиено влегувањето во земјите. Грција го поддржува овој план за да се запре приливот на бегалците и мигрантите на нејзините острови, бидејќи по затворањето на ткн балканска бегалска рута, може да се претвори во голем бегалски камп.

Обединетите нации, пак, во средата ги оценија како „нелегални“ предлозите за колективно прогонување, кои и невладините организации за човекови права го сметаа за повреда на правото на азил.

„Да се нарече Турција сигурна е европска одлука, но таа уште мора дополнително да биде разработена“, коментираше на прес-конференција во Брисел, европскиот комесар за миграции Димитрис Аврамопулос.