Собранието ќе бира нов член на Владата по оставката на Ставрески

На 106 седница, закажана за среда во 12 часот, Собранието ќе расправа и ќе ја констатира оставката на министерот за финансии Зоран Ставревски, по што ќе биде именуван новиот министер актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски по предлог на премиерот Емил Димитриев.

 Image (15)

Зоран Ставрески поднесе оставка од функцијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија поради здравствени причини.

Тој е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.

На истата седниза закажана е и ротација на позицијата на заменик-министер за надворешни работи, односно ќе биде разрешена Драгана Кипријановска, а на нејзино место ќе биде предложен Илија Исајловски кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи. Во Минисрерството за надворешни работи Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминува низ сите професионални скалила. Тој извесен период работи и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покриваше и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.

макфакс