Јункер: Само Британија може да го иницира процесот на излез од ЕУ

Брисел, 25 јули, 2016 – 11:20 (META) 
junker-860x680

Нема краен рок до кога Велика Британија треба да ги почне преговорите за излез од Европската Унија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Јункер, во интервјуто за „Франс 2“, рече дека членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е уредена процедурата за излез од ЕУ, може да го активира само Велика Британија.

– Би сакал Обединетото Кралство да ни достави барање за оставка, доколку можам така да се изразам, што е можно поскоро, бидејќи мислев дека Британците, особено тие што сакаат да ја напуштат ЕУ, се подготвиле за таква можност – рече Јункер.