Синдикатот на „Југохром“ денеска ќе го блокира автопатот Тетово – Скопје кај наплатната рампа во Желино од 11 до 13 часот, информираат од АМСМ.
![]()
Од вчера, од 16.30 часот, на граничниот премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила, преку граничниот премин Богородица.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по на места влажни коловози.
Извор: Мета.мк