Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во „Диво Насеље“

Република Србија екстрадираше македонски државјанин oсомничен за сторени кривични дела „Терористичка организација”  и „Тероризам” поврзани со настаните во „Диво Насеље“, соопшти јавното обвинителство.

Image

 

Имено, кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.

 

Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител имаше издадено Наредба за спроведување на истражна постапка за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот.