Пожарникар се здобил со изгореници, а полицаец се затрул при гаснење на пожар во Штип

Пожарникар се здобил со изгореници, а полицаец се затрул при гаснење на пожар што избувнал по полноќ во стан во Штип.

Image

Во пожарот во станот на улица „Сутјеска“ во сопственост на педесет и осумгодишен штипјанец изгорела целата покуќнина.

При гаснењето на пожарот со изгореници од втор степен на лицето и шаките се здобил  еден пожарникар и е хоспитализиран на одделението за хирургија во Клиничката болница во Штип.

Полицаец, пак, бил хоспитализиран во болницата во Штип поради труење со јаглерод диоксид, по што бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа при СВР-Штип. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Штип. Причината за предизвикување на пожарот и материјалната штета дополнително  ќе биде утврдена.