Северна Кореја произведе пијалак кој не предизвикува мамурлак

Севернокорејските научници произвеле алкохолен пијалак кој не предизвикува мамурлак, пренесува во вторникот BBC цитирајќи раритетен, кога станува збор за оваа изолирана комунистичка земја, напис во списанието Pyongyang Times.

Image

Споменатиот севернокорејски државен весник на англиски јазик наведува дека по консумирањето на ракијата „суаве“ не се јавува мамурлак, иако содржи 30 до 40 отсто алкохол.

Пијалакот се добива од ориз и еден вид женжен (гинсенг) кој се нарекува „инсам“, и двете одгледани на органски начин. Инсамот е диво растение, коешто наводно има многу лековити својства.

Според написот, кога варениот ориз ќе го замени шеќерот, од инсамот се отстранува горчината и, најважното, мамуралкот.

Овој производ на погонот „Taedonggang Foodstuff Factory“ во Пјонгјанг е „исполнет со национален вкус“, бидејќи следното утро воопшто не ги намалува вашите национални чувства, пишува весникот.

Меѓу другите епитети со кои се настојуваат да се привлечат консументите, Pyongyang Times пишува дека ракијата е „многу ценета и меѓу стручњаците и меѓу обожавателите“.