Оставка на министерката за правда на Франција

Министерот за правда на Франција, Кристиане Таубира, поднесе оставка на функцијата во среда, пред очекуваната дебата на парламентот за промена на францускиот устав.

 Image

Оставката на Таубира е прифатена од претседателот на државата Франсоа Оланд и стапува на сила веднаш.

Во пораката се вели дека дека тие се сложиле околу оставката која доаѓа кога се отвора дебата за ревизија на уставот во националното собрание.

Планот на Оланд за промени во уставот е контроверзен.

Таубира многупати стави јасно до знаење дека е против планот на Оланд да им се одземе двојното државјанство на француските граѓани кои ќе бидат прогласени виновни за тероризам.

Таубира ќе биде заменета од Жан Жак Урвоа, стои во соопштението од Елисејската палата.