Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во понеделникот предупредил дека Европската унија (ЕУ) би можела да се распаде под притисок на масовниот прилив на мигрантите и компромисот неопходен за Велика Британија да се задржи во Унијата, пренесуваат светските агенции.

„Ова е критичен момент. Крајно време е да почнеме да ги слушаме и аргументите на другите, а не само своите“, порачал Туск по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис.
Тој истакнал дека три дена пред клучиот состанок на Европскиот совет, „нормално е позициите да стануваат се поцврсти како што се приближува времето за одлука“, бидејќи лидерите на ЕУ ќе се соочат со двата најголеми предизвици – мигрантската криза и проблемите во врска со останувањето на Велика Британија во ЕУ.
„Ризикот од распаѓање е реален. Ова со што се соочуваме е доста кревко и мораме да ракуваме внимаелно, бидејќи тоа што ќе се скрши, веќе нема да може да се состави“, предупредил Туск, пренесува АР.