Филмско бегство на двајца затвореници во Рим

Двајца затвореници побегнаа од римскиот затвор „Ребибиа“ откако со пила ги пресекле решетките на прозорецот од ќелија и од вториот кат се спуштиле со постелнината.

Image

Ова класично филмско бегство откри големи пропусти во обезбедувањето на затворот.

Побегнати се двајца Романци, идентификувани како Каталин Чобану и Михаи Флорин. Првиот во затворот го очекувал судењето за кражба во дуќан во текот на која од срцев удар починал продавачот, а вториот служел затворска казна поради разбојништва.

Двајцата затвореници пред затворот ги очекувал автомобил.

Шефот на синдикатот на италијанските затворски чувари SAPPE, Донато Капече изјави дека безбедносниот систем во „Ребибиа“ одамна затворен. „Кога овие бегале во установата имало двајца чувари на 150 затвореници“, додаде.