Пеколни горештини на Балканот, во Подгорица измерени 48 степени

Пеколни температури се измерени во петок во повеќето градови на Балканот, а во Подгорица живата во термометарот се искачи до 48 степени.

temperatura

Во четвртокот во Мостар беа измерени дури 50 степени, а температурата уште во 8 часот наутро во градот на Неретва беше 30 степени. Таму температурата и во текот на ноќта не се спушти под 25 степени.

Високите температури во Романија однесоа пет живота, а високите температури на Балканот ќе се задржат уште некој ден, по што ќе следи освежување од почетокот на следната недела.