За пет години ќе изумрат смартфоните

Речиси секој од нас секој слободен момент го поминува користејќи го својот смартфон, меѓутоа, тоа наскоро може да се промени.

Image58

Извештајот на телекомуникациските стручњаци сугерира дека паметните телефони може да изумрат во рок од пет години.

Според извештајот, кој опфаќа анкета на 100.000 луѓе во Шведска и 39 други земји, се откри дека поголем дел од луѓето верува дека паметните телефони ќе станат минато.

Сега вниманието се насочува кон вештачката интелигенција, односно на помагачите без екрани.

Многу ИТ стручњаци предвидуваат дека носливите направи како Apple Watch полека ќе почнат да ги заменуваат паметните телефони.

„Смартфонот в рака и не е толку практичен“, вели Ребека Цедеринг Ангсторм од Ериксон.

„На пример кога готвиме или возиме автомобил. Постојат и голем број други ситуации во кои уредите со екрани не се покажале толку практични. Затоа се смета дека во рок од следните пет години паметните телефони ќе останат во минатото“.