Заштитени сведоци ќе даваат исказ за „Дива населба“, рочиштето затворено за јавноста

Судското рочиште за случајот „Дива населба“, кое е закажано за во вторник во 10 часот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени сведоци.

Image

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека не се знае точната бројка на заштитени сведоци предложени од страна на Обвинителството. Оттаму велат дека ќе бидат испрашани сите, но не можат да го предвидат темпото на испрашување на заштитените сведоци.

На судењето за судирот меѓу македонската полиција и вооружената група што се случи во кумановската „Дива населба“, сведочеа полицајците кои беа нападнати во полициската станица Гошинце, жители на населбата, а на минатото рочиште се појавија и сопругите и роднините на убиените полицајци кои се приклучија кон кривичниот прогон и најавија дека ќе бараат отштета.