Меркел: Затворањето на границите ќе го разбуди национализмот

 

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени во четврток дека Европа е во опасност да потклекне пред национализмот, доколку се определи за затворање на границите како решение за бегалската криза.

Image (3)

Австрија најави можност за затворање на граничниот премин Бренер кон Италија за да ги запре бегалците, наведува АП.

Италијанскиот премиер Матео Ренци, по разговорот со Меркел, оцени дека австриската стратегија е ‘погрешна’ и ‘неоправдана’.

„Не можеме да ги затвориме границите. Мораме да бидеме лојални едни кон други“, порача Меркел пред новинарите.

Таа уште додаде дека Европската унија(ЕУ) мора да го одбрани шенгенскиот систем на слободно патување преку граница, бидејќи во спротивно, како што рече Меркел, постои опасност од враќање на национализмот.

макфакс