Малезиското државно обвинителство објави дека 681 милион долари биле уплатени на сметката на нивниот премиер Наџиб Разак, како подарок од саудиското кралско семејство.

Истрагата за овој случај е затворена, како што се наведува, затоа што не станува збор за корупција или кривично дело.
Вмешаноста на саудиското кралско семејство во овој случај е неочекуван пресврт во скандалот околу таинствениот трансфер на пари и паднатиот државен фонд со кој советодавен одбор претседава Разак.
„Резултатите од истрагата покажуваат дека не се работи за подмитување или проневера“, вели државниот обвинител Мохамед Апанди Али за новинарите, а објавено е дека Наџиб на кралското семејство му вратил 620 милиони долари заради тоа што не се потрошени, пренесува Хина
„Причината за донацијата за премиерот Наџиб не е наведена, тоа е меѓу него и саудиското семејство“, додава Апанди.
Вели дека Наџиб не направил никакво кривично дело според трите истраги кои ги покрена малезиската агенција за борба против корупцијата и дека повеќе нема да бидат преземени никакви чекори.
Со месеци водачите на опозицијата и јавните личности го повикуваат Наџиб да поднесе оставка, но тој цело време врди дека не направил ништо лошо и дека парите не ги зел лично за себе.