Тројцата американски државјани кои исчезнале минатата седмица во ирачката престолнина Багдад, земени се во заложништво на припадници на проиранска шиитска милиција, изјавија во вторникот двајца ирачки разузнавачи и два извора од американската влада.

Американските извори велат дека Вашингтон нема причина да верува во тоа дека во грабнувањето е вмешан Иран, и не верува дека тројцата американки државјани се држат во заложништво на иранска територија, која граничи со Ирак.
„Грабнати се бидејќи се американски државјани, а не од лични или од финансиски причини“, рекол за Reuters еден од ирачките разузнавачки извори во Багдад.
Непозната група вооружени мажи во петокот одвела тројца Американци од приватна куќа во југоисточното багдадско предградие Дора, откако до таму се довеле со три возила.
Засега не се соопштува на што биле ангажирани тројцата киднапирани, чие исчезнување изминатиот викенд го пријави компанијата за која работеле во Ирак. Се претпоставува дека работеле во градежништво или во обезбедување.