Го пресоливте ручекот? Спасете го со овој трик

На сите понекогаш ни се случува да се занесеме во работата и да го пресолиме ручекот кој го приготвуваме.

Но, постои начин како да го спасите пресолениот ручек. Кога се во прашање супа или сосови идеалното решение е компирот. Доволно е да излупите компир, да го ставите во јадењето и продолжите со готвењето. Солта ќе се впие во него.

И додавањето на магдонос е одличен начин да го замаскирате вкусот на пресоленото јадење особено кај сосот.