Еве зошто мажите не ви приоѓаат

Резултатите од најновото истражување ја открија суровата вистина – сепак е до вас!

Meeting in the nightclub

Убавата облека, високите потпетици и средената фризура, па дури и убавината веќе не се вашето најдобро оружје кога е во прашање заведувањето. Верувале или не, вашето лице е она што му дава сигнали на спротивниот пол. Меѓутоа повеќето девојки незнаат баш најдобро да покажат зелено светло.

Резултатите на анкетата која била спроведена покажува дека мажите ги одбива нашиот незаинтресиран поглед.

Анкетата опфатила еден мал експеримент и по пат на социјалните мрежи мажите одговарале на прашањето – зошто се помалку се впуштаат во разговор со девојки.

Дури 55 проценти кажале дека женскиот незаинтересиран поглед на страна ги одбива од било каков обид.

„Мажите не се плашат од одбивање. Ако жената гледа во мажот намрштено, зошто воопшто и би се трудел тој да и пријде?“, вели Марни Кинрис, авторка на бројни изданија на оваа тема.

Што е најлошо, жените не се ни свесни каква порака праќаат со своето лице. Наредниот пат наместо арогантен поглед, насмевнете му се и пружете му шанса да ве запознае.