Среќавање на поранешната љубов на улица може да биде многу непријатно, особено ако сте во друштво на новата љубов. Следењето на поранешната љубов на „Фејсбук“ може да биде многу забавно, но и многу загрижувачко за врската.
Тој ќе рече дека нема чувства кон неа, но тоа ќе го каже секој маж кога ќе го прашате дали ја преболел бившата. Ако навистина ве интересира дали неговата индиферентност е вистинита, проверете ги овие мали скриени сигнали:
Ја нема на интернет
Следењето на поранешната љубов на „Фејсбук“ може да биде многу забавно, но и многу загрижувачко за врската. Ако мажот од време на време го проверува профилот на својата поранешна девојка, значи дека сè уште му значи. Ако ја избришал од листата на пријатели, покажува дека може да живее без „апдејт“ за нејзините активности на дневна база, што секогаш е добар знак.
Неговите пријатели смеат да ја спомнуваат
Мажите што сè уште имаат чувства кон поранешната љубов често ставаат забрана да се споменува нејзиното име во друштво. Ако неговите пријатели пред вас без никаков страв го споменуваат нејзиното име, значи дека сè е завршено и дека нема страв дека ќе настане непријатна тишина.
Кога ќе ја сретне, се смрзнува
Среќавањето на поранешната љубов на улица може да биде многу непријатно, особено ако сте во друштво на новата љубов. Мажот што останува без текст кога ќе ја сретне поранешната дефинитивно ја преболел и нема проблем со запознавањето на старата и новата девојка. Оној што сè уште има чувства, ќе се однесува збунето и ќе се обиде да избега најбрзо што може.