Направи сама: Сјај за усни

Навистина ви е доста од прескапите сјаеви за усни и сакате една поефтина верзија која можете да ја направите и самите? 

sjaj-za-usni

Потребни ви се само неколку природни состојки, кои можете да ги најдете во најблискиот маркет. Сè што треба е да набавите малку бадемово масло, мед и се разбира брунсница, која ќе им даде на вашите усни, неодолива боја.

Потребни состојки:

1 кафена лажичка бадемово масло
10-ина зрна брусница
1 кафена лажичка – мед

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и варете ги на оган околу 5 минути, сè додека смесата не зоврие. Притоа цело време мешајте, а кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од огнот. Пред целосно да се олади, префрлете ја смесата во садот, каде што ќе го чувате вашиот сјај за усни. Оставете да постои некое време, а потоа слободно испробајте го вашето ремек дело.

Можеби за фабричките сјаеви не мора да се трудите, но задоволството од сопствено подготвениот сјај е непреоценливо.