И додека слушањето на совети за секс од вашата баба најверојатно ќе биде доста незгодно, има нешто во фактот дека искуството доаѓа со годините.

98-годишната Паулина, која била во три брака и една афера, ги откри своите совети за книгата “You Can Be Right (Or You Can Be Married)”, колекција на разговори со разведени луѓе.
Ова се нејзините 4 бисери на мудроста:
1. Најважно од се – мора да бидете сексуално компатибилни. Ако некој ви каже поинаку, луд е.
2. Многу е тешко да го зачините сексот после 10 години. Ако сте го изгубиле тоа, разведете се. Тоа е единствено решение. Очајно е да се живее со некој што не ве усреќува, полошо е отколку да сте сами.
3. Морате да дадете се од себе за да ја усреќите другата личност. Но, тоа ќе го правите само ако и двете страни сакаат да го прават тоа.
4. Сексот без страст и емоција е само физичка активност. Потрудете се да не биде така!