Бидете најдобрата девојка која ја имал досега!

Да се биде принцезата на бел коњ за вашиот принц и не е така тешко како што си мислите.

par_ljubov

Ако веќе го имате принцот ова се правилата со кои ќе го задржите, но доколку се уште го немате сретнато со нив секако ќе го привлечете.

Девојки само вака ќе бидете најдобрата девојка која ја имал досега:

– Кажувајте го тоа што го мислите, кога вие не читате мисли тешко дека тој може да ги чита вашите, а впрочем тоа на момците им се допаѓаат директни девојки.

– Не лутете се доколку гледа порно, па и вие го правите тоа, зарем гледањето порно значи дека не ужива во сексот со вас? Секако дека не!

– Изненадувајте го понекогаш, само бидејќи сте неговата понежна половина, не значи дека него не му е потребна нежност.

– Ценете го, како што ве цени тој и охрабрувајте го, само така ќе ужива во вашето присуство бидејќи ќе смета дека е личност на која што и се восхитувате. Кој маж не би посакал таква девојка покрај себе?

– Останете мистериозни, што значи дека треба да ја задржите директната комуникација, но во неа да вметнете мистериозност која ќе го тера да постојано да ве одгатнува како личност.

– Доминирајте во сексот, мажите го сакаат тоа! И не срамете се да ги кажувате сексуалните фантазии, верувајте ќе се изненадите колку може да го возбудат, без разлика со што се поврзани.

– Бидете недостапна, понекогаш, но не секогаш! Мажите се откажуваат од премногу недостижни девојки, бидејќи тие се одбивни. Вашето постојано одбивање ќе го одбие, наместо да го придобие.

– Не се предавајте лесно, уживајте во играта на сексот, давајте му онолку колку што е доволно за да не си замине, а сепак да ве посакува уште повеќе. Иако глумат дека не го сакаат тоа, мажите го ценат!