Дозволени лаги во врската

Зборовите се остри како нож и лесно можат да ја оштетат врската – особено ако се лаги. Меѓутоа, постојат ситуации во кои смееме да го лажеме партнерот.

vrska_ljubov_razgovor

Проверете кои лаги ги одобруваат стручњаците:

1. „Во право си“

Овие 3 магични зборови секогаш функционираат кога не се сложувате со партнерот, но сакате да ја прекинете кавгата која не води никаде. Иако на прв поглед изгледа како однесување спротивно на интуицијата, сепак експертите велат дека ова е многу ефективно.

2. „Изгледаш одлично“

Универзалниот одговор на секое прашање поврзано со изгледот кое ви го поставува партнерот затоа што не се чувствува полно со самодоверба. Тоа се ситуации во кои сите бараме потпора и одобрување од партнерот, па затоа оваа лага е во ред.

3. „Те сакам повеќе од сѐ на светот“

Според стручњаците, ако лагата е всушност нежност, тогаш таа помага во одржување на врската. Во прашање се големи изливи на нежност кои можеби изгледаат нереални, но мотивирани се од реални чувства кои само се обидуваме да ги разубавиме со претерани епитети.

4. „Добро сум“

Постојат ситуации во кои навистина сакаме да го заштитиме партнерот од дополнителен стрес затоа што знаеме дека тој не може да ни помогне да се носиме со тоа. Психолозите велат во таквиот случај смееме да ја користиме оваа мала „бела“ лага.

5. „Те разбирам“

Важно е да го поддржите партнерот и да ги делите неговите емоции во некои ситуации. Кога тој ви ја прераскажува кавгата со пријателот покажете разбирање за него, иако можеби не се сложувате потполно. Тоа не значи дека не го изразувате своето мислење, туку дека го разбирате неговото, или барем се трудите.