Проверете дали имате чувствителна кожа

Денес, голем број жени страдаат од некој вид осетлива кожа, речиси 50% од нив. Симптомите не се пријатни – кожата се лупи, сува е, страда од црвени егземи или од воспалителни појави на лицето или на телото.

lice_nega

Истражувањата покажуваат дека некои видови осетлива кожа – посебно кожни алергии и егземи – се во пораст во некои делови на светот. Тоа се објаснува со влијанието на надворешните фактори – загадувањето, хемикалиите што ги внесуваме преку козметичките производи или преку храната…

Сепак, експертите предупредуваат дека расте и бројот на луѓето кои без основа тврдат дека имаат осетлива кожа. Имено, многу симптоми на осетлива кожа сепак не се показатели дали навистина станува збор за проблем на кожата. Па така прекумерното нанесување одредени кремови може да резултира со влошување на погоре споменатите симптоми. Затоа, ако мислите дека имате осетлива кожа, побарајте потврда кај дерматолог.

Можно е да имате осетлива кожа ако…

1. Имате црвенило на лицето или на телото. Ако проблемот е само на лицето, можеби претеравте со употребата на препаратот против стареење.

2. Имате алергии или треска. Докажана е поврзаноста помеѓу алергиите и осетливата кожа, особено при егзем.

3. Не сте ги смениле производите што ги користите, но кожата ненадејно ви се воспалила. Време е да го посетите дерматологот.