Погрешни верувања за сродните души

Дали сродните души ќе успеат во својата мисија, зависи многу како од Универзумот и плановите кои тој ги има за нив, но и од самите личности и нивната волја…

ljubov

Сепак луѓето често слепо веруваат во одредени верувања кои со текот на времето едноставно станале прифатени како општи вистини кои се непроменливи.

Ова се петте погрешни верувања за сродните души кои луѓето ги сметаат за универзални вистини.

1. За секого постои само една сродна душа

Односите кои ги создаваме со сродните души најчесто се најголемите предизвици со кои се соочуваме во животот, но и односи од кои учиме најмногу. Во различни фази од животот наидуваме на различни учители во форма на сродни души кои во нашиот живот внесуваат нови лекции кои треба да бидат научени.

Често се случува лицата кои погрешно сме верувале дека се наши сроди души и дека ќе останат со нас засекогаш едноставно да продолжат по својот пат оставајќи простор за нова сродна душа.

2. Сродните души секогаш завршуваат заедно

Нема сите сродни души да завршат заедно. Сосема е нормално сродните души да наидат на многу предизвици, тешкотии и пречки кои ќе го отежнат одржувањето на долгорочен однос, и покрај големата привлечност која ги држи заедно.

Дали сродните души ќе успеат во својата мисија, зависи многу како од Универзумот и плановите кои тој ги има за нив, но и од самите личности и нивната волја да ги надминат пречките и да издржат без оглед на сè.

3. Единствената врска која може да ве усреќи е врската со сродната душа

Веќе кажавме дека врската со сродна душа носи многу тешкотии, кои се во корист на нивно лично растење и развој, така што ситуациите кои се појавуваат често ја отежнуваат врската, наместо да ги направат партнерите среќни. Сродните души се и емотивни партнери.

Затоа е важно да се знае дека постојат многу врски кои може да ги исполнат луѓето и да ги направат среќни, дури и ако тие врски не се со нивната сродна душа.

4. Сродните души можат одеднаш да ја прекинат нивната поврзаност

Понекогаш може да се добие впечаток дека дошло до прекинување на поврзаноста меѓу сродните души, но тоа секако дека не се случува преку ноќ.

Турбулентните врски меѓу сродните души често имаат свои подеми и падови, влеваат нова надеж, но и го одземаат последниот атом сила кога се во разорна фаза. Нивната поврзаност е толку голема, што се добива впечаток дека не можат да живеат еден без друг. Имајќи го ова на ум, јасно е дека конечното прекинување на врската нема да се случи одненадеж.

5. Сродните души се само емотивни партнери

Ова е погрешна претпоставка бидејќи сродните души може да се појават во форма на членови на семејството, пријатели, миленици итн. Врските од овој вид не се резервирани само во врска со љубовните односи. Тие се случуваат природно, па нема потреба да се инсистира на нив.

Животот се грижи за сите нас на совршен начин и, секако, ни дава искуство кое ни е потребно за да ја исполниме целта на неговото постоење.