Зошто Ве привлекуваат зафатени момци?

Морате да бидете искрени и да признаете дека барем еднаш во животот сте посакале да бидете со некој што веќе е во сериозна врска. Тогаш веројатно сте западнале во лесна депресија проследена со бессони ноќи. Психолозите го објаснуваат тоа како човечка потреба да тежнеат кон нешто што не можат да го добијат, бидејќи колку е тоа понедостапно, толку е попривлечно. Ви откриваме каде лежи сексапилот на зафатените мажи. 

21-men-in-love-210812

 

Влијанието на забраната 

Кога и да се појави копнежот во вас, вашиот мозок го зголемува нивото на допамин во вашето тело, што ќе ве направи уште поодлучни во постигнувањето на својата цел. Иако е огромна пречка тоа што фраерот е зафатен, вашата доза на допамин ќе стане уште посилна, а вие ќе бидете уште поконцентрирани на целта. За да се смирите, размислете дали таа пречка е всушност она што го прави тоа момче толку привлечно и неодоливо. Морате да признаете дека ако фраерот е слободен, веројатно не би го ни забележале.

Тој е совршен и навистина знае како со жените 

Тој ви е неодолив бидејќи е интрересен и за некоја друга жена, а чувството се зголемува ако се работи за жена што инаку ја познавате и многу ја цените. Меѓутоа, вие всушност не знаете каков е фраерот, бидејќи сè набљудувате од дистанца. Добар начин за повторно да го пронајдете својот разум е секако анализирање на тоа што не ви се допаѓа кај него. Дали ве привлекува само неговата недостапност или тој е забавен, шармантен… Така ќе дознаете што сакате од момчето и ќе бидете на добар пат, но сега ќе мора да прнајдете некој што е слободен.