Направи сама: Маска за подмладување од желатин

maska_lice_anti_age

Потребни состојки:

2 супени лажици млеко
1 чајна лажичка желатин во прав
2 чајни лажички пире од банана
1 чајна лажичка пвлака

Постапка:

Млекото загрејте го па промешајте го со желатинот. Почекајте да набубри. Потоа додадете 2 кафени лажички испасирана банана во вид на пире и една лажичка павлака.

Сите состојки добро промешајте ги.

Нанесете ја маската на претходно исчистена кожа на лицето и вратот. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со млака вода.