Вкусен зимски напиток што ги топи килограмите

Постои ли напиток кој согорува стотици калории додека вие седите и читате книга? Да, постои и многумина се увериле во тоа!

cimet_med

Иако со одделните резултати на овие производи веројатно сте добро запознаени, малкумина се оние кои знаат дека комбинацијата од овие две состојки го забрзуваат метаболизмот и помагаат при симнувањето на вишокот на килограми.

Состојки:

– За приготвување на овој одличен напиток потребни ви се две големи лажици мед и една лажица цимет, како и 250 мл вода.

Совет плус: Препорачаните количини можат и да се менуваат, но важно е секогаш да задржи истиот сооднос. Пригответе толку од напитокот колку што сметате дека ви е потребно.

Приготвување:

– За почеток сварете ја водата и прелијте ја врз циметот, покријте и почекајте малку да се излади.
– Медот додадете го дури кога е напитокот оладен и имајте на ум дека никогаш не се става во врела вода.

Дел од напитокот испијте пред спиење, а остатокот испијте го наутро пред оброкот. И тоа е се! Имајте на ум дека напитокот делува само на празен желудник.