Четири намирници кои нутриционистите не би ги допреле

Која храна треба да се избегнува, дури и онаа за која сте мислеле дека е здрава

nutri-namirnici

Лајт  јогурт
Многу нискокалорични јогурти се полни со вештачки засладувачи и често имаат две третини помалку протеини од природниот јогурт. Тие неколку калории за кои мислите дека сте ги намалиле, не се вредни за тоа.

Флаширани преливи за салата
Многу од нив се направени со хемикалии, адитиви и сируп од пченка. Зашто да го прелевате свежиот зеленчук со нешто такво? За повкусна и полесна верзија која можете сами да ја направите, измешајте малку маслиново масло, оцет и омилените зачини.

Слатки пијалоци
Газирани сокови, слатки чаеви и овошни пијалоци можат многу да го зголемат внесувањето накалориите. А вештачките засладени сокови прават вашето тело да бара шеќер. Држете се до водата и ладните чаеви.

Житарици со додатни протеини
Тоа се обично преработени протеини кои немаат нутритивна вредност. Ако пиете млеко или јогурт со вашите житарици, вие веќе внесувате доволно протеини за појадок.