Митови за слабеењето што предизвикуваат дебелеење

Ако планирате да почнете борба со вишокот килограми бидете свесни дека пазарот е заситен со совети, диети и производи кои не се секогаш на ваша страна. Ви претставуваме 5 најпопуларни митови за слабеењето од кои можете дури и да се здебелите.

slabeenje

1. Ако станам вегетаријанец или веган лесно ќе ослабам.

Одлуката за исфрлање на месото од секојдневната исхрана никако не би смеела да се врзе со диета и тоа е еден од најголемите митови на денешницата.

Ако не сте запознаени со веганската исхрана многу лесно може да го исцрпите организмот и тоа на тој начин што во него нема да внесувате доволни количини од сите витамини и нутриенти што му се потребни на вашето тело.

Исто така, многу новопечени вегани многу често, сакајќи да најдат адекватна замена за месото, посегнуваат по здравите слатки, грицките и пржената храна поради што многу бргу наместо вита половина може да добиете некој килограм плус.

Пред да одлучите од исхраната сосема да го исклучите месото и производите од животинско потекло, соберете рецепти и информации за тоа кои прозводи се најдобра алтернатива на месото.

2. Ако потполно ги исфрлам јаглените хидрати од исхраната, ќе ги изгубам и килограмите

Уште една голема грешка. Не заборавајте дека вашето тело копнее по јаглени хидрати зашто токму во нив се наоѓа голема количина хранливи состојки што ни се потребни за да можеме нормално да функционираме.

Ова се однесува особено на производите како што се житарките кои благодарение на витамините, минералите и влакната не прават среќни, подолго време сити, ја подобруваат работата на системот за варење и ни даваат енергија па со самото тоа се извонредни сојузници во борбата против килограмите.

Интегралниот леб, тестото и интегралниот ориз се ваши пријатели се додека ги конзумирате во умерени количини.

3. Диеталните пијалоци се одличен начин да го намалам внесувањето на калории

Со оглед на тоа што секојдневно слушаме дека повеќето сокови се преполни со шеќери и со калории, за жал, ниту нивните диетални замени не се ништо подобри.

Пијалоците што содржат вештачки засладувачи отвараат апетит и уште повеќе ја засилуваат желбата за благо заради што бараме утеха во разни грицки, односно, во празни калории. Исто така, ваквите напитоци се најчесто полни со адитиви.

Ако сакате благи напитоци исцедете си сок од свежо овошје или направете си зелен чај или чај од нане или камилица и заблажете го со едно лажиче мед.

4. Грицките без маснотии ми помагаат да ослабнам

Митовите за маснотиите поради кои се дебелееме и кои се нездрави дојдоа до врвот, а се повеќе производители нудат храна и грицки без маснотии. Но станува збор за замка.

Истите тие лајт грицки се полни со адитиви и шеќери кои се исто толку калорични, а со елиминацијата на маснотиите како такви, отстранети се и оние добрите – таканаречените незаситени масни киселини кои му се повеќе од потребни на организмот и можат да бидат одлични сојузници при слабеењето.

Маслиновото масло и маслата од тиква и од лен како и бадемите, оревите и лешниците се преполни со здрави маснотии и не заборавајте, тие се ваши сојузници при слабеењето.

5. Протеинските диети се најдобар начин да го симнеме вишокот килограми

Протеинските, месни диети беа многу популарни затоа што со нив во рекорден рок можете да симнете неколку килограми. Но станува збор само за јо-јо ефект.

Иако се протеините одлични сојузници кај слабеењето, потполното исфрлање од исхраната на останатите групи производи (како јаглените хидрати и маснотиите) може да доведе до недостаток на одредени витамини и минерали во телото, забавено варење и зголемување на холестеролот во крвта.

На вашата диетална чинија нека се најдат повеќе бои и различни производи. Тогаш вашето тело ќе биде во рамнотежа, а апетитот многу помал.