Регулирајте ја исхраната и бидете витки на долги патеки

Наместо да држите диети, регулирајте ја исхраната и помогнете си себеси на подолги стази…

eating healthy food

Пијте повеќе вода

Повеќето луѓе пијат многу малку течности и често кога имаат чувство на глад забораваат дека е тоа можеби повеќе поради жед. За да може да функционира телото потребни му се дневно 2 литри вода. Доколку се уште ја немате таа навика, почнете со помала доза.

Исфрлете го глутенот

Истражувањата покажале дека речиси 60 отсто од светската популација е алергична на глутен. Доколку имате сини или зелени очи, тој процент е уште поголем. Сите кои се чувствителни на глутен често чувствуваат мачнина што ги тера на повраќање, слаба работа на цревата, чести воспаленија и проблематична кожа. За да откриете дали и вие спаѓате во оваа група направете еден мал тест. Исфрлете го глутенот од исхраната на две недели. Доколку почувствувате некоја промена на себе, било физичка или промена во тоа како се чувствувате, тоа е знак дека имате проблеми со глутенот.

Избегнувајте бела храна

Кога велиме бела, мислиме на: бел шеќер, бело брашно, млеко и сол. Истражувањата покажале дека овие производи влијаат крајно негативно врз организмот предизвикувајќи низа здравствени проблеми како што е покачено ниво на шеќер во крвта, дигестивни проблеми и секако, вишок на килограми.

GMO. Не, благодарам

Избегнувајте генетски модифицирана храна. А тоа се однесува и на сојата, пченката, но и на папаја и тиквички. Истражувањата покажале дека генетски модифицираната храна влијае врз мозочните клетки и го забрзува стареењето, предизвикувајќи други здравствени проблеми.

Јадете органска храна

Кога имате можност да бирате, бирајте органска храна. Храна која не содржи секакви можни хемикалии и пестициди кои вашето тело не може да ги „ослободи“ туку ги таложи и таложи.

Масни киселини

Незаситените масни киселини, односно, добрите масти како омега 3 го прават вашиот организам отпорен, силен, а хормоните во складен баланс. Затоа, обидете се што повеќе да консумирате маслиново масло, авокадо и лешници што содржат незаситени масти, а помалку маргарин и било кое растително масло кое е богато со заситени масти.

Стоп за грицките

Луѓето обожаваат да грицкаат од досада но и за да го стабилизираат нивото на шеќер. Затоа, кога ќе посакате да грицнете нешто имајте при рака и мала доза на протеини. Идеален оброк за ужина е: пола банана+ една рака бадеми.

Избегнувајте увозни производи

Секоја храна што се увезува поминала нив некој вид на зрачење кое освен бактериите убило и половина од хрансливите состојки. Не се вели залудно: купувај домашни производи.

Намалете со кафето

Знаеме дека е тешко, но обидете се.

Умерено со алкохолот

Каква е таа забава без неколку коктели? Но и во таа сфера можете да контролирате колку и од што: бирајте коктели кои се веќе направени од вотка, текила и вино. Избегнувајте пиво.