Цимет во борбата против опаѓањето на косата

Дали сте знаеле дека циметот е одличен во спречување на прекумерното опаѓање на косата?

e6a5cc08ad1bae41c2ee6d90b851d9bb-600x382

Новинарката на магазинот „Allure“ се изненадила кога кај фризерката слушнала необичен совет против опаѓање на косата: „Само нанеси малку цимет на темето и добро измасирај го“.

Тој податок го проверила и кај својот дерматолог кој и објаснал дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори на растот на косата.

Не постои научно истражување кои потврдило дека после третман со цимет косата подобро и побрзо расте, но дерматологот Франческа Фуско кажува дека нејзините пациенти биле многу задоволни од овој совет.

На сите оние кои сакаат да испробаат цимет во борбата против опаѓање на косата им се препорачува да набават ароматично масло од цимет и прво да го испробаат зад увото, во случај да не добијат некаква реакција, а потоа да го нанесат на цела глава. После масажа, маслото треба добро да го измиете.