Атлетико повторно е лидер во Примера

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се вратија на челната позиција во Примера, откако во последниот меч од 19. коло во Виго ја совладаа Селта со 2:0. Атлетико на врвот има 44 бодови и натпревар повеќе од Барселона која има 42 бода, додека Реал е трет со 40.

Image

Првото полувреме на мечот во Виго заврши без голови и со само една серизозна можност за постигнување на гол, Гризман во 13. минута.

Во вториот дел двојното проигрување меѓу Гризман и Вието, францускиот репрезентативец го претвори во гол, а конечниот резултат го постави Караско.

Во неделните натпревари победи забележаа Еибар, Реал Сосиедад и Виљареал, додека Лас Палмас и Малага одиграа 1:1.

Еибар го победи Еспањол со 2:1, Реал Сосиедад славеше над Валенсија со 2:0, а со истиот резултат Виљареал го порази Спортинг Хихон.