Брзи секси начини да го заведете вашиот партнер

Флертувањето не е само за луѓето со статус сингл. Навистина, флертот и заведувањето се моќни оружја за освојување на оној што го посакувате, но не треба да престанете да ги користите откако тој ќе падне во вашите раце. Независно дали сте со него 2 месеца или 20 години, флертот и малите техники за заведување можат да ја разгорат страста и да ја исполнат вашата врска со магичен сексапил.

seks

 

За да му всадите во главата палави мисли, не се потребни големи подготовки. Еве што може да ви даде неодолива магнетска привлечност за брзо да ја зголемите сексуалната тензија помеѓу вас:

Шепотете му на увце

Шепотењето делува како магија и верувајте дека тој ќе се изгуби во вашите зборови. Пред излегување доближете се блиску до него и со секси глас шепнете му: „Одвај чекам да се вратиме“. Или, кога ќе ви каже дека изгледате убаво и ви даде комплимент за облеката, шепнете му нешто во стилот: „Ти се допаѓа фустанот? Мислам дека она што е под него ќе ти се допадне многу повеќе“. Во тој момент, излегувањето ќе му изгледа бесмислено и ќе сака да останете сами. Но, вие настојувајте да излезете и продолжете да трупате сексуална тензија.

Украдете го неговиот поглед

Ако сакате тој да гледа во одреден дел од вашето тело, едноставно допрете се и неговите очи автоматски ќе се фокусираат на него. Нежно поминете со прстите преку вашето деколте, започнете да го чешкате вратот или поминете нежно со прстите по вашите усни за да го размачкате овошниот балсам. Не го гледајте директно в очи, веднаш ќе го почувствувате неговиот поглед.

„Случајно“ дајте му видик што нема да го заборави

По туширањето не брзајте да се покриете со облека. Прошетајте се голи и „случајно“ поднаведнете се додека знаете дека ве гледа одназад. Или пак, додека сте облечени, наведнете се малку повеќе кон него за да ѕирне длабоко во вашето деколте.

Поиграјте си со неговите мисли

Фотографирајте ги вашите најсексапилни гаќички (или уште подобро нов комплет долна облека) и пратете му ги преку MMS порака или на e-mail. Се разбира, испратете ја фотографијата заедно со кратка порака која ќе го „скокотне“ уште повеќе. Тоа е најбезбеден начин да го возбудите без да ја изложувате на ризик вашата репутација со разголени слики.

Дајте му „најава“

Доколку сакате цела вечер да не може да престане да мисли на вас, покажете му мал дел од она што го очекува подоцна. На пример, додека сте во автомобилот, подигнете ја сукњата со изговор дека ве чеша нешто над коленото или дека не ви се наместени сексапилните високи чорапи со чипка. Никој нема да знае дека наместо хулахопки носите секси чорапи, само тој. Внимание: не го правете ова додека вози!

Облечете свилен градник во боја на кожата

Изберете градник само за него – свилен, во пудра боја и без перничиња. Кога неговиот поглед ќе ги улови брадавиците кои ќе ѕиркаат, нема да може да се концентрира на ништо друго освен на вас.

Совршено несовршена шминка и природна коса

Не брзајте да ја извадите шминката откако ќе се вратите од излегување, но не брзајте и да го коригирате малку размачканиот ајлајнер. Несовршената шминка ќе ви даде палав провокативен поглед. Освен тоа, една вечер не ставајте ништо врз вашата коса, ниту гел, ниту пена, ниту лак. Мажите обожаваат кога можат непречено да поминат со прстите низ женската коса. Можете само да си направите патец настрана и тоа на страната на која никогаш не го ставате патецот. Тоа ќе ви даде нов изглед, а и нему ќе му изгледате поразлично, што дополнително ќе го полуди.

Движете се многу бавно

Не брзајте да направите нешто – бавно налевајте вино во чашата, многу бавно поминете со прстите низ вашата коса, уште побавно соблекувајте го палтото… Предлог: носете фустанче или долга кошула со копчиња и откопчувајте ги бавно – ќе изгледа како непланиран стриптиз. Движете се бавно за брзо да ја вжештите атмосферата.

Раскажете му еротски сон

Се разбира, раскажете му сон со него, а не со вашиот омилен селебрити заводник. И што е најважно, додека го раскажувате, не пропуштајте ниту еден детаљ, особено кога ја опишувате вашата возбуда. Сè е во деталите.