Вестбрук за брејк на Оклахома

Западната конференција, во НБА лигата. Оклахома, изминатата ноќ, предводена од Расел Вестбрук, направи брејк во Сан Антонио и поведе во серијата со 3-2.

Image (9)

Расел Вестбрук имаше учинок од 35 поени, 11 скокови и девет асистенции, постигна седум поени во низа во последните четири минути кога негативата на Оклахома 88:82 ја претвори во минимална предност.

Потоа Вестбрук стави точка на натпреварот кога реализира дополнително слободно фрлање на 6,3 секунди до крајот на мечот.

Вестбрук поддршка доби од Кевин Дурент (23 поени, шест скока, пет асистенции) и Стивен Адамс (12 поени, 11 скокови).

Кавај Ленард го предводеше Сан Антонио со 26 поени, шест скокови, четири асистенции и пет украдени топки. По 20 поени постигнаа Дени Грин и Ламаркус Олдриџ. Кај Спарси целосно потфрлија ветераните: Тони Паркер постигна девет, Тим Данкан пет, а Ману Џинобили, Борис Диао и Дејвид Вест по два поени.

Шестиот меч ќе се одигра в четврток, во Оклахома Сити. Сан Антонио само еднаш во својата историја (во 2008 година) успеал да мине понатаму кога губел со 3-2.

макфакс