ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте поради негови навреди кон македонскиот народ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави во неделата дека ја прекинува соработката со белгискиот посредник Питер Ванхауте во преговорите меѓу партиите, поради неговите омаловажувања кон Македонија и македонскиот народ.

Image

Одлуката се базира на, како што се вели во соопштението, неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

Конкретно станува збор за неговите објавувања на објави на сервисот за микроблогирање Twiterr Ванхауте во кои се изразуваа контроверзни ставови со потсмев и навреди за личности, а притоа се правеа паралели со фотографии со мачки. Така во неделата пред првично закажаното објавување на процените на меѓународната заедница за остварувањето на условите за одржување на предвремените парламентарни избори кое требаше да ја соопштат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аирво Орав и Џејс Бејли, Ванхауте објави порака која гласи: „Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, со дополнување со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите сé додека ги контролирам“.

„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал, веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните Поради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ванхауте“, се вели во соопштението на партијата.