Во морињата до 2050 ќе има повеќе пластичен отпад од риби

До 2050 година во светските мориња ќе има повеќе пластичен отпад отколку риби, доколку не се преземат итни мерки тоа да се спречи, предупредуваат научниците од Фондацијата Елен Мекартур.

Image
Производството на предмети од различни видови пластика во последните пет децении се зголемила за 20 пати, предупредуваат научниците. Само мал дел од тоа огромно количество се рециклира, 40 отсто се носат на специјални сметишта, а поголемиот дел завршуваат во кревките екосистеми како што се морињата и океаните. Преостанатиот дел се гори.

Треба да се реагира што поскоро на светско ниво, за пластиката да престане да биде отпад, предупредува Фондацијата, изнесувајќи го податокот според кој секоја година во морето завршуваат најмалку осум тони пластични предмети.

Во моментов по морињата пливаат околу 150 милиони тони пластичен отпад, што е петтина од вкупната тежина на рубите во светските мориња, Истражувањето покажува дека пластиката, покрај тоа што нанесува огромни штети на морскиот екосистем, претставува и голем трошок во износ од повеќе милијарди долари годишно.

Оттаму, Фондацијата бара радикално зголемување на рециклирањето и производството на амбалажи за повеќекратна употреба за што мора да се ангажираат производителите на стоките за широка потрошувачка, власите и политичарите.