Дваесет и седум загинати во железничката несреќа во Италија

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети местото на несреќата во Пуља, во која, според последните податоци што ги објави агенцијата АНСА, загинаа 27 лица, јавува „Би-би-си“.

italija-voz1

Десетици лица се повредени, а некои се во критична состојба по фронталниот судир на двата воза. Ова е една од најтешките железнички несреќи во Италија во последните години.

Ренци нареди официјална истрага за несреќата.

– Сакам да им изразам сочувство на настраданите. Наредив истрага за да се открие кој е одговорен. Мислам дека тоа треба целосно да се разјасни. Нема да сопреме додека не дознаеме што се случило – рече Ренци.