Дневен Хороскоп – 02.03.2016

zodiac-signs02

Овен

Денес имате можност да ги завршите практичните работи и ситните детали, затоа што имате остар ум. За некои дискутабилни и проблематични прашања би требало да разговарате со некоја поискусна или повозрасна личност.

Бик

Некои разговори ќе се одвиваат во тајност, или пак можеби ќе се соочувате со некои скриени работи. Независно од ова, вие само сакате убави и балансирани партнерски односи и да се посветите на својата приватност.

Близнаци

Денес се чувствувате стабилно, после емоционалните состојби кои беа присутни во вчерашниот ден. Ќе доаѓате до некои заклучоци и ќе се насочите кон одржување на она што ви е важно. Вашата доверба во партнерот и некои блиски личности, се зголемува.

Рак

Некои планови и проекти не се одвиваат во саканата насока и тоа ве иритира. Немојте премногу да запнувате или грчевито да се држите за своите ставови, затоа што ќе завршите со многу повеќе отколку што можете да поднесете. Бидете практични и прилагодливи.

Лав

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Девица

Дури и ако имате некакви двоумења околу своите чувства, затоа што се плашите дека може да направите некаква грешка, сепак најдобро би било да го слушате внатрешниот глас и да се обидете да имате доверба во партнерот. Ќе размислувате да внесете некои промени во својот стил на живеење.

Вага

Денес нема да биде лесно да излезете на крај со партнерите и блиските пријатели. Можеби сте толку многу лути на некоја личност, па не можете да изустите ни збор. Немојте да се грижите. Времето е на ваша страна! Всушност, правилното темпирање на времето е најважно. Оставете времето да зборува за вас!

Скорпија

Денес сте шармантни и имате дипломатски став во односите со другите. Тоа е одлично, затоа што Марс ќе предизвика некои интензивни дискусии кои бараат балансиран пристап. Интеракцијата со партнерите ќе биде динамична, страсна и осцилативна.

Стрелец

Полека но сигурно, ги поврзувате различните компоненти од мозаикот и добивате јасна слика за некои витално важни прашања и проблеми. Денес имате можност да го извлечете најдоброто, и од себе и од другите. Можеби ќе размислувате за тоа во кој правец да ги насочите работите, откако ќе стигнете до клучните увиди.

Јарец

Се чувствувате провоцирано, но убаво би било ако ги контролирате вашите чувства. Дистанцирајте се од луѓето или соработниците кои делуваат негативно на вашата психичка стабилност или концентрација. Бидете иницијативни во односот со партнерот.

Водолија

Денес обидете се да бидете трезвени и стабилни, затоа што ќе се исправите пред некои ситуации кои нема да бидат премногу јасни. Немојте да се сомневате во членовите од вашето семејство, нивните намери се добронамерни. Ако треба да имате важни преговори, застапувајте ги своите интереси.

Риби

Имате потреба од промена на активностите, па дури ќе ви паѓа на памет да ја промените работата и дејноста. Тоа најверојатно се должи на желбата за нови искуства и подвизи. Немојте да ги потиснувате амбициите, ама не треба ни по секоја цена да го менувате она што функционира. Здравјето ви е во одлична состојба, но тоа не значи дека треба да го запоставите.